ВИДЕО – Тошеска: Земјоделството една од најпогодените гранки за време на пандемијата, државата повеќе да помогне

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Работниците ангажирани во земјоделството се особено погодени од страна на ковид пандемијата и се уште се онаа група на работници кои најмалку беа поддржани со владините мерки. Особено со Ковид 19 се погодени жените земјоделки.

 

 

„Жените земјоделки за време на пандемија дополнително ги зголемија своите обврски, како грижата за домот, училиштата затворија, па тука е грижата за децата, поголема ангажираност околу земјоделските активности, недостапност до финансии, затворија локалните пазари, намалија приходите во семејството, многу предизвици со кои се соочија жените земјоделки и жените во руралните средини. Се надевам, како што и сите ние се надеваме дека пандемијата со ковид-19 ќе заврши порано, што поскоро, меѓутоа како држава треба да ставиме посебно внимание на заштита на сите работници, но најважно на земјоделскиот сектор. Значи земјоделството е најблагородната работна ангажираност на човекот, како што рекол Џорџ Вашингтон и овој свет за да биде одржлив мора да има поголема поддршка за работниците во земјоделскиот сектор и би завршила со една мисла што би кажала многу и за социјалниот и за економскиот аспект, тоа е дека овој свет не го наследивме од нашите баби и дедовци, туку го позајмивме од нашите внуци и поколенија. Време е заедно активно да работиме сите сектори и да научиме од оваа пандемија дека мора да имаме мултисекторски пристап, поголема поддршка и само заедно може да станеме понеосетливи на вакви пандемии и побрзо да се избориме со социјалната и економската криза што ја донесе оваа пандемија“, вели Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР Прилеп.

 

Во регистарот на семејни земјоделски стопанства се запишани 171.000 земјоделски стопанства, од кои носители се 37.000 жени. Од активни земјоделки, според податоците од 2020 заклучно со декември, од 66.000 активни земјоделски сотпанства кои што аплицираат за субвенции, 9.000 се жени земјоделки. Ова е голема бројка каде што вклученоста е формализирана, меѓутоа голем дел од жените вклучени во земјоделскиот сектор не се пријавени, не се пријавени како индивидуални земјоделки и не плаќаат пензиско и здравствено осигурување за да можат да користат некои бенефити, а сепак работат и како неплатени семејни работнички, меѓутоа и неплатени во земјоделскиот сектор во склоп на семејството.

 

Да бидеме реални дека во руралните средини кај луѓето кои се ангажирани во земјоделскиот сектор најголем медиум е се уште радиото и комшијата. Требаше поголема достапност и на самите мобилни тимови кои што требаше да ги информираат земјоделци, но и поголема застапеност при посета на терен, за мерките и програмите кои можат да допрат и да добијат поддршка земјоделските работници. Тука гледам дека самите земјоделски здруженија, каде што спаѓаме и ние, значи кризата со ковид-19 и пандемијата никој не ја очекуваше, не начека малку неспремни додека се мобилизираме, меѓутоа сега гледам дека информираноста е зголемена за придржување до мерките, меѓутоа започнуваат и да ги користат владините мерки. Она што треба да се каже е дека да добар беше ваучерот за летување, меѓутоа на лето знаеме дека земјоделците се најмногу ангажирани во земјоделскиот сектор, така да мислам дека треба да се насочиме кон поинаква поддршка за нив, и финансиска, меѓутоа и менторска поддршка за тоа како може да го зачуваат своето производство, да обезбедат пласман за своите производи, да имаат можност како да ги достават ресурсите. Со затворањето на пазарите тие немаат основна можност да набават ресурси за работа, значи треба посебно вниемание, да се размисли, да се направи цела стратегија и план како да им се помага на земјоделските работници“, додаде Тошеска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи