Детали за попишување на лица кои ќе бидат позитивни на корона за време на пописот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Според Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, попишувањето на лицата кои ќе бидат позитивни на корона и во домашна изолација ќе биде спроведено со посебна организација.

Државниот завод за статистика во соработка со Управата за електронско здравство и „Мој термин“ ќе ги добива списоците на позитивни лица на дневна основа со нивна адреса, ЕМБГ и телефонски број.

Оние лица чија изолација ќе започне на 1. април и ќе заврши за времетраењето на пописот, попишувачот ќе може да ги посети по завршувањето на периодот на домашна изолација.

Оние лица кои ќе бидат позитивни на корона и кај кои изолацијата нема да заврши за времетрањето на пописот, ќе бидат телефонски контактирани и ќе се договорат условите за попишување со добивање на податоци од некој нивен близок кој не е во изолација – стои во Протоколот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи