Игор Спасов екстрадиран од Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешниот полициски службеник Игор Спасов денес беше екстрадиран во Македонија и вратен во затворот Идризово на доиздржување на 14-годишната затворска казна за убиството на младиот Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

Игор Спасов избега есента во 2019 година, откако му беше одобрено болничко лекување и не беше достапен до органите на прогонот. Беше уапсен во Бугарија на 1 февруари по распишаната меѓународна потерница, а министерот за правда Бојан Маричиќ на 10 февруари испрати барање до бугарските власти за негова екстрадиција. Градскиот суд во Софија на 26 февруари донел одлука за итна екстрадиција во Македонија на Спасов.

За издржување на затворската казна на Спасов му преостануваат уште 7 години и 3 месеци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи