Туристичка атракција: Летови над Чернобил

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Поради пандемијата со корона вирусот, патувањата се стопирани, авионите се паркирани на пистите, па во последно време се појавија и летови без дестинација, односно летови низ земјата, со враќање на почетниот аеродром.

Вакви летови станаа популарни во Јапонија, Сингапур и Австралија и траат околу еден час или два. Најнова туристичка атракција е соопштението за понудата од националната авиокомпанија на Украина, која одлучила да започне летови над местото на нуклеарната катастрофа Чернобил.

Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека, во согласност со „зголемените барања на нејзините сакани патници“, таа ќе понуди „лет до никаде“, на мала надморска височина над Киев и до зоната на катастрофата во Чернобил.

Првиот лет над Чернобил ќе се одржи на 7. март, а сите места веќе се распродадени. Новиот лет е закажан за 13. март. Авионот ќе лета на надморска височина од 900 метри, над реката Днепар, кон Чернобил. Патувањето се очекува да трае околу еден 1 и 10 минути. Цената на летот е околу 85 евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи