Филипче: Во понеделник ќе се одлучи дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во гостување на дневникот на Сител, министерот за здравство Венко Филипче потврди дека има зголемување на бројот на новозаразени, како и зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација, па затоа и модуларните болници веќе се поставени. Исто така, по најавата на премиерот Зоран Заев дека во понеделник ќе заседава главниот кризен штаб, Филипче кажува дека викендов ќе се анализира состојбата за коронавирусот, а во понеделник ќе се одлучи дали има потреба од нови рестриктивни мерки.

„Дали овој тренд на зголемување ќе продолжи или ќе заземе некое плато, односно дали ќе биде слична слика како во ноември. Засега не е. Тогаш исполнувањето на болничките капацитети беше многу побрзо, отколку сега. Но, внимателни сме и затоа модуларната болница кај Инфективната клиника повторно е во функција, болницата Козле е исто така подготвена и ќе ја пратиме ситуацијата следните денови. Заклучно со почеток на следната недела ќе одлучуваме дали се потребни некакви дополнителни рестриктивни мерки или не“, вели Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи