ВИДЕО – Здружението „Надеж за сите“ донираше маски КН95 и ракавици за прилепската болница

 

Здружението „Надеж за сите“ денеска донираше околу 600 маски КН95 и 18 паковки од по 50 пара ракавици за прилепската општа болница „Борка Талески“. Висината на донацијата е 500 евра.

 

 

„Донацијата се состои од маски и ракавици, маските се КН95, а ракавиците од латекс, по препорака на поранешниот директор со кого стапивме во контакт кога се подготвуваше донацијата. Донацијата е доделена од анонимен донатор во соработка со нашето здружение „Надеж за сите“ од Прилеп, за помош на персоналот во ковид центарот“, рече Билјана Глигорова, здружение „Надеж за сите“.

 Благодарам на идејата и иницијативата на донаторите. Болницата стои на располагање и на секоја следна иницијатива за донирање на средства кои се потребни, пред се на пациентите кои се лекуваат на инфективното одделение. Еве нека биде ова мотив и порака до сите добронамерни и хумани луѓе колку што можат нека донираат, затоа што за здравјето на граѓаните се работи“, изјави Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи