Историска посета: Папата Франциск во Ирак

 

 

Папата Франциск денеска од аеродромот во Рим, пристигна во Ирак, што е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква во земјата.

Во пресрет на посетата, Папата Франциск порача дека оди во мировен аџилак по повеќе години војна и тероризам.

„Доаѓам на аџилак, да се молам за прошка и помирување по долгогодишната војна и тероризам, доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да ве запознаам, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката колевка на културата“, кажува Папата во видеопорака.

Од здравствени причини заради пандемијата како и од безбедносни причини, ова е најризична посета на  84-годишниот поглавар, но тој инсистирал истакнувајќи дека тоа е негова обврска. Тој ќе апелира до христијаните во Ирак, кои сè помалку ги има во таа земја, да останат и да помогнат во обновата по долгогодишна војна и прогонства.

Папата ќе одржи миса и на стадионот во Ирбил. 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени за неговата безбедност, а во Багдад веќе е прогласен полициски час поради ширењето на корона вирусот. Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на Папата за добредојде на поглаварот на Римокатоличката црква, со натпис „Сите сме браќа“.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин изјави дека Ирачаните со нетрпение ја очекуваат „пораката за мир и толеранција“ на папата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи