ВИДЕО – „Љубов без крај“ – новата песна и видео запис на „Тајфата“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Тајфата на својот јутјуб канал ја промовираше новата песна и видео запис за својот најнов производ „Љубов без крај“. Според нив целта на денешното објавување на истата е да им го честитаат празникот 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол и да им поклонат една убава балада на сите кои запливуваат во брачните води.

 

 

„Денес премиерно ја објавуваме нашата нова песна „Љубов без крај“, тема на која музиката ја напиша Владимир Богески, за текстот се погрижи Сара Пројковска додека аранжманот го напишаа Владимир Богески и Рубин Димкоски Димкоски во „R music studio“, а видеото го подготви Зоран Пилоски-Фан Продукција заедно со нашата „Tajfata production“. Токму овој ден го одбравме за промоција за со едно мало внимание една љубовна приказна да им подариме на припадничките на понежниот пол, барем толку сме должни на нашите фанови со оглед на ситоацијата во која се наоѓаме сите. Се надеваме на подобри времиња во поопуштена атмосфера како што ја памтат сите со нас Тајфата“, велат членовите Владимир Богески, Живко Чиртоски и Александар Тренчовски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи