Републички совет за безбедност на патишта: Жените возат одговорно! – Биди горда што си жена и што си безбеден возач

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

„Колку пати до сега сте слушнале некој да каже, возиш како жена?

 Или пак, види колку е бавен автомобилов пред мене, сигурно го вози жена?

Жените се бавни, но безбедни учесници во сообраќајот, не предизвикуваат сообраќајни несреќи и возат според ограничувањата и условите на патот“

– порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштата по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Под мотото „Жените возат одговорно! – Биди горда што си жена и што си безбеден возач“, се одбележува застапеноста на жените во сообраќајот.

Од РБСП велат дека статистиката покажува дека мажите три пати повеќе страдаат во сообраќајни незгоди од жените.

„Според Светската здравствена организација, околу  77 проценти од сообраќајните незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи мажи. Истражувањата покажуваат дека  жените се безбедни возачи. Тие покажуваат дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените, дека жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено на семафор, не возат без возачка дозвола, жените повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повеќе ги почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот. Според тоа, ако почитувањето на сообраќајните правила и прописи е женско возење, ако почитувањето на ограничувањто на брзината е женско возење, ако почитувањето на пешаците е женско возење, ако дефанзивното возење е женско возење, тогаш ајде сите да возиме на  женски начин, затоа што така е побезбедно и посигурно“ порчуваат од РСБСП.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи