„Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“ – Онлајн дискусија на СТАНИЦА П.Е.Т.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Дали неможноста да се организираат прослави за 8ми март ќе ни ги скрати причините за славење оваа година? Дали еманципацијата на жените е постигната и дали таа го намали семејното наслиство во нашите средини? Како различните општествени чинители постапуваат, кои се нивните надлежности и колку праксата покажува резултати во намалувањето на оваа разорна појава?

Одговорите на овие прашања беа добиени и дискутирани на Онлајн дискусија на тема „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“, организирана од СТАНИЦА П.Е.Т. заедно со Правната клиника при Правниот факултет во Битола.

Меѓународниот ден на жената се слави на 8 март низ целиот свет. Тој е фокусна точка во движењето за правата на жените.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената денес се движи од тоа што е државен празник во некои земји, па се до игнорирање во голема мера на друго место. На некои места, тоа е ден на протест, во други, тоа е ден кој ја слави женственоста.

Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива, мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки.

Пред педесет години, слетавме на Месечината, во последната деценија, откривме нови човечки предци и за прв пат фотографиравме црна дупка.

Во меѓувреме, законските ограничувања спречија 2,7 милијарди жени да имаат пристап до ист избор на работни места како и мажите. Една од три жени, сè уште, доживува семејно или друга форма на родово базирано насилство.

Семејното насилство – исто така наречено интимно-партнерско насилство – се јавува помеѓу луѓе во интимна врска. Семејното насилство може да има различни форми, вклучително и емоционално, сексуално и физичко злоставување и закани за злоупотреба. Семејното насилство може да се случи во хетеросексуални или истополови врски.

Семејното насилство не секогаш е лесно да се идентификува. Додека некои врски се очигледно насилни од самиот почеток, злоупотребата често започнува суптилно и се влошува со текот на времето.

Лицата кои трпат семејно насилство најчесто доживуваат една или повеќе од следните ситуации:

  • Навреди и омаловажување
  • Спречување или обесхрабрување жртвата да оди на работа или училиште или да ги гледа членовите на семејството или пријателите
  • Контрола на трошењето на пари, движење, облекување
  • Љубоморно и посесивно однесување
  • Закани со насилство или оружје
  • Удари, клоци, шлаканици, давење или на друг начин физичко повредување на жртвата, нејзините деца или миленици,
  • Принудување на секс или впуштање во сексуални дејства спротивно на волјата на жртвата,
  • Обвинување за неговото или нејзиното насилно однесување или укажување дека жртвата го заслужува тоа.

 

Во Реублика Северна Македонија семејното насилство е уредено и подетално регулирано со Законот за семејство, Законот за социјална заштита, Кривичниот Законик како и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Притоа, различни институции имаат различни улоги во постапувањето, а сето тоа со крајна цел спречување и санкционирање на оваа разорна појава.

Но, што покжаува праксата, колку жртвите пријавуват, кои се најчестите форми на семејно насилство кои се случуваат одноно пријавуваат, и што е потребно да се презме за да се подобрат состојбите, за таа цел учество и придонес на дискусијата дадоа:

 

  • Маја Кулеска (инспектор, НККР при ОВР Прилеп)

„Улогата на МВР во постапувањето кај случаи на семејно насилство“

„Искуството покажува дека институциите имаат мултисекторска координација во решавање на случаи на семејно насилство по поднесена пријава согласно надлежностите. Освен за случаи на физичко насилство се пријавуват и други форми на насилство. Особено во време на пандемија и последиците од неа, како и воведената превентивна мерки за ограничено движење придонесоа за зголемување на бројот на случаи на семејно насилство“.

 

  • Талија Петреска (адвокат, ЦГИ Прилеп)

„Пријавувањето на семејното насилство во пракса“

„Праксата е еден од најважните индикатори во мерењето на успешноста во справувањето со семејното насилство. Постапувањето во случаи на семејно насилство предизвик е тоа што начесто жртвите тешко се охрабруват да пријават, бидејќи има многу други фактори што придонесуваат да се откажи или да ја прифати како нормална појава“.

 

  • Ивона Шушак Лозановска (раководител на Правна клиника во Битола)

„Заштитата на жртви на семејно насилство во системот на бесплатна правна помош“

„Кога зборуваме за жртви на семејно насилство, често зборуваме за припадници на маргинализирани заедници, лица во социјален ризик, лица кои освен стравот од пријавување се соочуваат и со финансиска немоќ да преземат било какви дејствија. Во тој поглед, државата е должна да обезбеди можности за нивна заштита кои ќе бидат на товар на државата“.

 

Семејното насилство е работа на сите, никој не смее да остане слеп и глув кон она што се случува во нашите средини. Должни сме како одговорни граѓани согласно она што го знаеме или барем да побараме помош од некој кој тоа го знае подобро за превенција и справување.

Оваа појава е една од најголемите пречки во патот за еманципацијата на жените и оттука сите општествени чинители мора во најдобар можен начин да изнајдат механизми за брзо, ефикасно и ефективно решавање на овој проблем. Законските решенија во овој момемт кои ни се достапни во нашата држава прилично се соодветни, но недостасува имплементација во пракса. Па, затоа нужна е потребата од креирање на еден ефективен сеопфатен пристап на терен за справување.

Семејното насилтво е таков вид на проблем за што е потребно брз, итен и ефикасен одговор заради тоа што во најголем дел се случува во повеќе наврати и доколку не е санкционирано, резултира со смртни последици.

Меѓународниот ден на жената е време кога треба да размислиме за постигнатиот напредок, да повикаме на промени и да ги прославиме актите на храброст и одлучност од страна на обичните жени, кои играат извонредна улога во историјата на нивните земји и заедници.

На сите жени, им честитаме и стоиме со нив во борбата за подобар и поеднаков свет!

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи