Најлошата година во историјата на туризмот – 11 пати поголема загуба од финансиската криза во 2009

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

„Речиси една третина од дестинациите низ светот во моментов се целосно затворени за меѓународни туристи поради пандемијата со корона вирусот“, соопштува туристичкото тело на Обединетите нации.

На почетокот на февруари, 69 дестинации од 217 низ светот, или 32%, беа целосно затворени за меѓународен туризам – вклучително 30 во Азија и Пацификот, 15 во Европа и 11 во Африка.

Пристигнувањата на меѓународните туристи се намалиле за една милијарда или 74%  во 2020 година.

Според, Светската туристичка организација ова е „најлошата година во историјата на туризмот“.

Пандемијата ја чинеше глобалната туристичка индустрија 1,3 трилиони долари загубени приходи минатата година, повеќе од 11 пати поголема од загубата забележана за време на глобалната финансиска криза во 2009 година.

Околу една третина од светските дестинации сега имаат главно барање за влез со презентирање на негативен тест за корона вирус, често во комбинација со уште една превентивна мерка, односно карантин од 7, 10, или 14 денови.

„Ограничувањата за патување беа спроведени насекаде низ светот за спречување на ширењето на вирусот. Додека работиме на рестартирање на туризмот, мора да признаеме дека ограничувањата се само еден дел од решението”, вели директорот на Организацијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи