Спасовски: Подобро полициски час, отколку оптоварување на здравствениот систем

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека подобро е пократко време да има полициски час, отколку целосно да се оптовари здравствениот систем. За негативните реакции вели дека доаѓаат од граѓани кои ќе реагираат и ако не се воведат рестрикции и коронавирусот се распространи уште повеќе.

„Ќе разговараме на Влада за одлуката и ќе видиме која ќе биде крајната одлука, габаритот, како и на кој начин ќе се реализира, но таа мора да се реализира и почитува, за сите заедно да си помогнеме. Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку целосно оптоварување на здравствениот систем. Оние кои сега реагираат на носењето на рестриктивните мерки, истите тие ќе реагираат многу повеќе во моменти кога ќе дојдеме до широка заразеност на населението, можностите за лекување и така натаму“, посочи Спасовски.

Спасески уште еднаш апелираше до граѓаните да носат маски и да не се групираат.

„Апелот да се почитуваат мерки за заштита од Ковид-19 е нешто што треба да го имаме сите предвид. Рестриктивните мерки не се популарни, но се неопходни за да можеме да го заштитиме населението, здравјето и животот на граѓаните. Има ли нешто потценето од здравјето и животот на граѓаните? Дали во моментите кога се носат вакви одлуки не мислите на починатите лица од Ковид-19? Дали кога седиме во кафеани, ресторани, правење домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност од ширење на вирусот? Одлуките кои мора да ги донесеме никој не ги посакува. Но, тие се резултат на нашето однесување. Ако не почитуваме, не носиме заштитна опрема, се групираме, правиме настани кои со сигурност значат ширење на вирусот, државата мора да реагира“, додаде Спасовски.

Комисијата за заразни болести предложи воведување полициски час од 10 навечер до 5 наутро. Владата на седница треба да се произнесе дали мерката ќе биде воведена.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи