Дигиталното младинско учество е лесно!

 

 

Секој човек има лична приказна и идеја за промена заснована врз своето искуство, своите мисли и своите чувства. Со споделување на таа идеја, може да се дојде до моќна алатка за размена на инспирација и на ставови и за оние кои ги слушаат приказните, и за оние кои ги раскажуваат.

Преку раскажувањето на приказни и споделувањето на идеи се стигнува до еден важен дел на социјална интеракција уште од самото постоење на човештвото.

Земајќи го предвид фактот дека социјалната итеракција сѐ повеќе се одвива преку дигиталниот свет, мора што е можно побрзо да најдеме начин да се прилагодиме на вклучување на младите во активности преку најразлични дигитални алатки, подигнувајќи ја онлајн демократијата на повисоко ниво.

Преку спроведување на проектот „ДИГИ – Дигиталното учество на младите е лесно“, Коалиција на младински организации СЕГА со користење на онлајн платформата OPIN (www.opin.me) им овозможува на младите преку дигитално учество да станат активни граѓани од локално до Европско ниво. Позитивните промени се развиваат само кога процесот на учество се води професионално, бидејќи само со користење на дигитални алатки не е доволно да се обезбеди успешно учество на младите во локалните администрации, институции и младински организации.

За таа цел, преку спроведување на овој проект ќе бидат креирани материјали за учење преку Интернет и истите ќе бидат објавени на ОПИН платформата, а дигиталната платформа за младинско учество ќе биде достапна на 10 европски јазици, вклучувајќи го и македонскиот.

Споделувањето на идеи е и споделување на приказни. Да ги споделиме нашите приказни со една единствена цел – да направиме позитивна промена во општеството!

 

Автор: Лела Јурукова

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи