ВИДЕО – СЗЗ и Асоцијацијата против протестот на тутунарите, од новата реколта нема да има повеќе откуп на вишок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Од идната реколта нема повеќе да има откуп на вишокот тутун, а откупувачите ќе откупуваат само околу 21 милион килограми. И покрај апелите на Сојузот на земјоделски здруженија и Асоцијацијата на земјоделци да не се склучуваат договори со откупувачите, тутунарите веќе склучиле 40-тина% од предвидените договоро. Сега од земјоделските здруженија затоа апелираат тутунарите да внимаваат на колкава количина ќе склучат договор, затоа што ќе треба да произведат само толку.

 

 

„За секое склучување на договор во најкраток рок да си ги побараат договорите за да знаат колку тутун да засадат, за да не дојде в година со истите проблеми како сега. Да знаеме кој колку тутун треба да сади“, вели Злате Даноски, претседател на здружение „Мице Козар“ Прилеп.

 „И мене ми е жал, но тутунарите нека водат сметка, колку килограми ќе има во договорот толку нека садат инаку за випокот на тутун државата повеќе нема да има одговорност“, рече Муса Ибраимоски, претседател на здружение „Златен лист “ Долнени.

И од Асоциијацијата на земјоделци ги повикуваат тутунарите да не произведуваат тутун над договореното и да започнат да садат други култури.

„Она што ова година се случува со вишокот на тутун идната година нема да може вака да се оправдаме и нема да се откупува тој вишок. Така што оние тутунопроизводители кои неможат да засадат доволно количини на тутун, нека се преобратат кон друго. Но тука го повикуваме Министертсвото за земјоделство да изнајде решение, дополнителна стимулација за ново производство“, додаде Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Инаку вчерa Собранието ги усвои измените на законот со кој се продолжува откупот на тутунот до 31 март. Тутунарите се надеваат дека до крајот на месецов ќе се откупи целиот вишок на тутун. И од Сојузот на земјоделски здруженија и од Асоцијацијата на земјоделци повикаа утрешниот штрајк на тутунарите со блокада на патот Прилеп-Скопје да се ставел во мирување затоа што проблемите, според ниви, ќе се решеле за брзо.

„Ние претходно кажавме дека ќе го поддржиме штрајкот доколку има потреба, но во овој случај мислам дека вчерашната одлука на Собранието е значајна за нас како тутунопроизводители и предлагам штрајкот да се одложи затоа што на повидок е решение за дооткуп на тутунот“, потенцираше Стојкоски.

 „Јас ги повикувам тутунарите на трпение затоа што во најскоро време ситуацијата сигурно ќе биде решена“, додаде Даноски од здружението „Мице Козар“.

 Инаку за утре неколку тутунарски здруженија кои беа дел од Иницијативниот одбор кој ги започна протестите на тутунарите оваа година, закажаа повторно протести со блокада на патот Прилеп-Скопје од 12 до 14 часот, поради неоткупениот вишок на тутун ии другите проблеми кои моментално постојат во оваа гранка.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи