ВИДЕО – Ристески: Потребни се измени на законот за тутун и стопирање на увозот на тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Јавно упатената покана од тутунопроизводителите како пратеник од Прилеп, од четвртата изборна единица ја прифатив и дојдов тука да дадам поддршка на сите тутунопроизводители, бидејќи е ова навистина една лоша откупна реколта со катастрофално лоша ниска откупна цена, но и со многу проблеми кои го пратеа овој годинашен откуп. Истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп кој денеска гии поддржа тутунарите на протестот при блокадата на патот Прилеп-Градско.

 

 

„Како што гледаме тоа ќе се случува, доколку нема квалитетни измени во Законот за тутун и понатаму и работата ќе оди на полошо и полошо. Од овде упатувам еден апел, до сите чинители, до сите политички партии, до сите здруженија на тутунопризводители, здруженија на земјоделци, заедно да седниме, да разговараме за доброто на земјоделците, за доброто на тутунопроизводителите, бидејќи во контактите на сите тутунопроизводители досега забележавме и утврдивме дека има голем проблем во самиот Закон за тутун, кој оваа власт го донесе на сила.

Да се забрани увозот на тутун кој навистина е проблем во овој момент и затоа останаа неоткупени големи големи количини и да се направи еден квалитетен Закон за тутун, суштинско решение со кое навистина понатаму нема да има никаков проблем и луѓето кои се занимаваат со тутунопроизводство ќе знаат колку површина ќе засадат, колку засадиле, колку тутун ќе добијат, колку ќе предадат и на крајот нормално колку пари ќе земат. За во иднина да немаме вакви проблеми како што се случуваат низ годините, а посебно еден ваков лош откуп за кој сме сведоци оваа година“, рече Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи