Директор на ДЗС: Пописот единствено може да се одложи заради корона

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека пописот единствено може да се одложи доколку Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведе и поднесе препорака за да се одложи.

„Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради Ковид-от е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука“, изјавува Симовски за телевизија Канал 5.

Тој кажува дека ова е огромна процедура за која одлучува Комисијата и потребни се законски имени, па Државниот завод за статистика не може многу да влијае на одлуката.

„Ако даде препорака, оди во процедура, на Кризниот штаб, па на Влада. Меѓутоа за да ние евентуално одложиме треба на крајот да се промени и Законот, што значи измена на законското решение, а тоа е огромна процедура“, кажува Симовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи