„Ла Верита“ објави писма од Филипче до „Синофарм“ кои кршат меѓународна конвенција за заштита на здравјето на граѓаните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави  нов текст со „2 писма од министерот за здравство, Венко Филипче, адресирани до кинеската компанија „Синофарм“ од 25 декември лани и од 25 јануари годинава“, а се поврзани со набавката на ковид-19 вакцини за Македонија.

Во едното писмо, според „Ла Верита“, кое Филипче го испратил на 25 декември до кинеската компанија, „изразува интерес на нашата земја за набавка на нивната вакцина“.

Според италијанскиот весник, „проблематична е, всушност, содржината на второто писмо во кое компанијата, односно Кина, се ослободува од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината“.

Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

Овој текст на „Ла Верита“ е продолжение на вчерашниот, во кој авторот на текстот вели дека „причината за враќањето на авансот што го уплати Македонија за набавка на 200.000 вакцини е тоа што требало да се одвива преку посредничка фантом-фирма, со седиште во Хонгконг, а тоа оставило сомнеж кај официјален Пекинг што, пак, довело до поништување на процедурата“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи