На денешен ден лани СЗО прогласи корона пандемија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Пред точно 1 година, генералниот директор на  Светската Здравствена Организација (СЗО) Тедрос Адханом објави дека Ковид -19 е глобална пандемија. СЗО им порача на владите дека е време за агресивни мерки откако ширењето на коронавирусот во светот достигна ниво на пандемија. Тендрос изјави дека со прогласувањето на пандемија, сите земји се повикани да разработат механизми за одговор при итни случаи.

Повеќе европски држави влегоа во карантин истата недела, заради растечкиот број на случаи кои побаруваа болничко лекување.

Една година подоцна, веќе има повеќе од 117 милиони потврдени случаи, додека животот од Ковид -19 го загубија над 2,6 милиони луѓе .

Една година подоцна, спасот од пандемијата се гледа во масовната вакцинација, која е предизвикувачка, бидејќи богатите земји набавуваат резерви вакцини, додека пак сиромашните се уште се борат со набавување на вакцини за најризичното население.

Македонија повторно со голем број на новозаразени на дневно ниво, сите ковид центри во земјата се повторно отворени, на сила се и дополнителни рестриктивни мерки како полицискиот час кој ќе трае до 22-ри март, а  надлежните за процесот за набавка на вакцини се уште се соочуваат со потешкотии.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи