ВИДЕО – Тутунарите пак на протести – бараат 90 денари субвенција, откуп на вишокот и забрана за увоз на тутун

 

Тутунарите повторно излегоа на протести блокирајќи го патот Прилеп-Градско во траење од 2 часа. Бараат итно да се дооткупи преостанатиот вишок на тутун, кој според нив е околу 1,8 милиони килограми. Тутунот да биде откупен по класи со реален одбиток. Исто така бараат и по 90 денари субвенција за предадениот тутун од оваа реколта плус тие 5 милиони евра кои ги вети Владата, со што субвенцијата би дошла 100 денари за килограм.

 

 

„Затоа што ако беше реален откупот парите кои требаше да се исплатат ќе беа повисоки, остануваат уште околу 7 милиони евра да се додадат на тие 65 денари кој е просек за субвенцијата и да дојде 90 денари“, вели Николче Станкоски, тутунарско здружение „Тутунска надеж“.

Тутунарите излегоа и со барања за новата реколта кои се : целосно укинување на увозот на суров ситнолисен тутун во Македонија, зголемување на цените по класи за 25%, згоемување на килограмите по единица декар од сегашните 180 на 220 килограми, откупувачите да не склучуваат договори на помали количини од лани. Исто така не се согласуваат со барањата во Македонија да се произведува само 21 милион килограми тутун годишно.

„Македонија наназад 10 до 15 години произведувала по околу 25 до 26 милиони килограми и тоа производство ние мора да го задржиме. Со 21 милион киилограми тутунарите нема да може да опстанат. А прилепскиот регион ниту е овоштарски, ниту лозарски , не случајно Прилеп е тутунарски регион и тука мора да остане тутунот“, кажа Игор Мирчески, координатор на 4-те новоформирании тутунски здруженија.

Тутунарите рекоа дека доколку не се исполнат сите нивни барања ќе продолжат со блокадите и протестите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи