Започнува изградбата на обиколница во Крушево

 

Општина Крушево во соработка со Панорама хотел и спа започна со работа на обиколница, проект најавуван со години.

„Започнуваме со пролетна офанзива на Крушево, место викано ,,Порта“ до скијачки терени. Започнуваме со изградба на децениски долгоочекувана обиколница заедно со инвеститорот на скијачките терени. Градиме едно поинакво, поубаво, попривлечно Крушево.“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалните мрежи.

Овој долгоочекуван проект ќе овозможи побезбедно движење на тешки товарни возила и отворање на можност за индустрија во Крушево и градење на угостителски објекти на скијачките терени.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи