Левица: Скандалот со фантом-фирмата е доказ дека профитери ја водат оваа држава

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако весникот „Ла верита” објави дека македонската влада не добила вакцини од НР Кина поради фантом-фирма која била понудена за посредник, уште утрово беа демантирани изјавите на премиерот Заев. Имено, весникот „Ла веритa“ вчера објави две писма на министерот Филипче, преку кои се гледа дека кинескиот Синофарм бил контактиран уште од декември, иако премиерот Заев во јануари изјави дека никогаш не би побарал помош од Русија или Кина.

Скандалозно е и тоа што, според второто писмо на министерот Филипче од јануари годинава, ја ослободува компанијата од било каква одговорнос, односно евентуални негативни последици од употребата на вакцината!?

Дека се работи за еклатантен пример на криминал и корупција, демонстрира вчерашната изјава на премиерот дека се обиделе да набават вакцини преку фирмата ’ПауерЧајна‘, која што е мајка компанија на ’Синохидро‘. Но, со денешните објавени информации, јасно е дека се работи за друга фирма-посредник „Starbi International” од Хонг Конг – за која нема никакви информации за вработени, ниту пак има медицинско портфолио.

Во услови кога здравствениот систем е пред колапс и кога Македонија има највисока стапка на смртност од сите соседни држави – било какво пролонгирање на набавката на вакцини е злосторство против сопствениот народ. Некохерентните изјави на владините претставници уште повеќе ги засилуваат сомнежите дека власта, односно високи функционери, врз грбот на здравјето и животите на граѓаните се обидуваат да профитира во услови на пандемија. Истите власти нѐ убедуваат дека најмасовната статистичка операција ќе биде реализирана според највисоки стандади за заштита на здравјето, додека не можат да обезбедат ниту вакцини, без да ги исполнат своите лукративни цел за лично богатење.

Во услови кога власта не е способна да ги гарантира здравјето и безбедноста, потребно е народот да се самоорганизира и самиот да се заштити себеси и своите најблиски од профитери кои се спремни, поради сопствени политички договори, да го жртвуваат здравјето на граѓаните. Со континуираните скандали, манипулации и криминали кои го карактеризираат владеењето на СДСМ, граѓаните имаат природно право да го заштитат сопственото здравје и да не учествуваат во попис во услови на пандемија. Ако некој треба да биде казнет за неуспешноста на пописот, тоа се функционерите од највисокиот ешалон на Владата, кои кои не ги казнија фирмите што не обезбедија заштита за работниците; кои помошта ја делеа на фирми блиски до власта; кои дозволија здравствените работници да работат со донации од ентузијасти; кои одбија вакцини од Русија уште пред три месеци и со сето тоа го загрозија животот на илјадници граѓани.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи