Македонија не аплицирала за помош од ЕУ за борба со Ковид 19 оти не ги исполнувала условите

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Македонија не се најде меѓу 17 земји членки и 3 земји во процес на пристапување кои добија вкупно 530 милиони евра за борба со коронавирусот од Европската унија. Првично бил испратен допис, но потоа како што велат од Европската комисија за ТВ21, државата не испратила конечна апликација.

„Република Северна Македонија имаше право и тие првично им се обратија на службите во Комисијата со прелиминарно писмо во кое се наведува нивната намера да аплицираат, но конечно не доставија официјална апликација до единствениот рок до 24 јуни.“, велат од ЕК за ТВ21.

Од Владата. велат дека била донесена одлука за аплицирање на владина седница, но по обработката на податоците заклучиле дека РСМ не ги исполнува условите.

„Имено, поддршката од ЕУСФ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше ≈7.670.831 евра.“, велат од Владата.

Инаку од земјите кои добија помош, на прво место е Франција со над 91 милион евра, па Италија над 76, на трето место Португалија со над 55 милиони евра.
До сега во борбата со Ковид-19 ЕУ на Македонија ѝ дала 66 милиони евра кои според Владата биле распределени за критичните институции.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи