Талевски : Се изгласа Закон за тутун во чии што рамки ќе се решат сите проблеми на тутунарите

 

Со оглед на тоа дека навистина оваа година имавме тешка откупна година за тутунопроизводителите, јас како пратеник од Прилеп со група на пратеници поднесов Предлог закон, кој беше изгласан во Собранието на Република Македонија каде што презедовме обврска да целокупното производство на тутун кое што е произведено со оваа реколта ќе биде откупено и рокот од еден месец ќе биде продолжен за да може откупувачите да го откупат целиот вишок на тутун кој е произведен оваа година. Истакна Миле Талевски, пратеник на СДСМ од Прилеп, на прашање од Инфо Компас, за тоа како ќе се реши целата ситуација околу актуелните проблеми на тутунарите.

 

 

„Апелирам до сите, здруженијата на тутунопроизводители, тутунопроизводителите, сите политички партии заедно да им се помогне на тутунопроизводителите целиот овој процес да се реши во рамките на овој Закон кој го донесовме пред неколку дена и да се овозможи со тоа што во рок од еден месец ќе се откупи целото производство, целата количина на тутун и ќе се овозможи да бидат исплатени тие 5 милиони евра кои се во пакетот на ковид мерките, односно справување со кризата да им се исплатат на тутунарите. Тоа ќе го договорат министерот за земјоделие, заедно со здруженијата на тутунопроизводители.

Во овој момент сите мораме да бидеме на страна на тутунопроизводителите, мора да најдеме начин да излеземе во пресрет. Политика и политиканство во овој момент најмалце им се потребни на тутунопроизводителите, затоа апелирам без разлика кој од која политичка партија е, без разлика кој во кое здружение на тутунопроизводители припаѓа итн, мора да се најде начин, а начинот го најдовме со тоа што беше изгласан Законот за тутун пред неколку дена, во чии што рамки ќе се реши целиот овој процес, затоа што Законот мора да важи еднакво за сите и Законот мора да го применуваат и откупувачите и здруженијата на тутунопроизводители“, кажа Талевски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи