Филипче: Не станува збор за нерегуларности и провизии во набавката за кинески вакцини

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција децидно ги отфрли обвинувањата за одредени нерегуларности при набавката на вакцините од Кина, објавени во текстови на италијанскиот медиум „Ла Верита“.

„Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања кои што овие денови ги имаше во дел од медиумите, дека станува збор за некакви нерегуларни, незаконски постапки, дека станува збор за некакви провизии. Жал ми е дека тоа сето излегува во медиуми кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, нивните сајтови и тоа што излезе во италијанскиот, близок до нив медиум, „Ла Верита” се документи кои што ние навистина ги испративме до многу компании со цел да добиеме што повеќе информации за можностите за набавка на вакцините и во таа смисла и оваа конкретна за 200 000 кинески вакцини од компанијата Синофарм се прави по истите принципи на внимателност.

Сите наши обиди за набавка на вакцини се одвиваат со почитување на два основни приници: внимателност и регуларност.  Сигурно дека станува збор за компании кои не увериле дека можат да стигнат до вакцините, и ние стигнавме до вакцините, меѓутоа беше пораката од кинеското МНР што го испочитувавме – дека ние треба да пратиме друг пат кој тие ќе ни го сугерираат. И во таа смисла буквално нема ништо сомнително, гледате каква борба е низ светот да се стигне до вакцини“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека се следат насоките од кинеското МНР.

„За какви провизии ние сме тука обвинети, за какви фантомски фирми кога средствата се вратени. Не станува збор буквално за никаква манипулација едноставно ги пратиме насоките од кинеското МНР“,  додава Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи