12 лица го прекршиле полицискиот час, 408 казнети за неносење маска

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата.

Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи