Бугарите од Битола со допис до Пендаровски: Си го сакаме нашето место во Уставот и ќе го добиеме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Членовите на Културниот центар „Иван Михајло“ од Битола, кои себеси се означуваат како македонски Бугари, му се обратија и на претседателот Стево Пендаровски, повторувајќи ги оценките на Софија за „југомакедонистичките“ лаги околу Македонија.

Во писмото тие агресивно го напаѓаат Пендаровски затоа што изјави бидејќи не гледа причина за промена на Уставот по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека нема против и Бугарите да биле вметнат во него како етничка група.

„Не очекуваме Бугарија да побара од Вас да бидеме вклучени во Уставот. Таа нема да го стори тоа. На ова не инсистира Бугариjа, инсистираме ние. Ние, македонските Бугари ѝ ги дадовме на Македонија преродбениците. Ние ѝ jа дадовме Егзархијата. Ние ѝ ги дадовме великаните на македонската борба од Илинден. Ѝ ги дадовме Дамјан Груев, Гоце Делчев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Ванчо Михалов. Ние не сме малцинство и нема да бидеме малцинство, туку државотворен народ, автентични Македонци со бугарски корен! Си го сакаме нашето место во Уставот и ќе го добиеме“, му пишуваат на претседателот од Културниот центар „Иван Михајлов“.

Тие му се заблагодаруваат на Бујар Османи што го дал предлогот, но се незадоволни што тој предлог бил одбиен и велат: „Нашите права не можат да се прокоцкаат како на покер“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи