ВМРО-ДПМНЕ предлага за пратеници да се бираат лица само со македонско државјанство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници, со кој, меѓу другото, се предлага некој за да биде избран за пратеник треба да има само македонско државјанство.

„Измените во предлог законот се во два члена и тоа во условите за избор на пратеници каде што додаваме нов член во кој велиме дека за лицето да биде избрано за пратеник покрај другите, треба да го исполнува условот да е државјанин само на Република Македонија. Ваков услов има и во Законот за надворешни работи и бараме оваа одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик во рок од триесет дена по влегувањето во сила“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Овој предлог закон го потпишале сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и, како што рече Мицевски, ги повикуваат пратениците од СДСМ и од другите политички партии да го поддржат ова законско решение за да може да се стави крај на темата и во наредниот период изборот на пратеници да биде од лица кои што ќе имаат само македонско државјанство.

„Доколку законското решение се донесе во наредниве денови со усогласување во Изборниот законик во наредните триесет дена, ова да важи и за овој пратенички мандат“, додаде Мицевски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов објави список на имиња на македонски политичари кои имаат бугарско државјанство. Сите од списокот демантираа дека имаат друго државјанство, освен македонско.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи