Дневен хороскоп за денес, 12-ти март 2021 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Дневен хороскоп за денес, 12-ти март 2021 година:

Овен 21.03 – 19.04

Денес ќе сакате да направите промени поврзани со вашиот дом, но пред тоа треба да разговарате со вашите најблиски. Разменете си идеи и предлози и потоа заедно одлучете.

На професионално поле ќе го проширите кругот на познаници, а голема е веројатноста да склучите и нов договор. На поле љубов, порака или телефонски повик ќе ви го подобри расположението и ќе ви ја врати самодовербата.

Бик 20.04 – 20.05

На работното место ќе ја покажете вашата вистинска вредност, а надредените сигурно ќе го забележат тоа. На поле љубов морате да престанете да се грижите и за најмалите ситници и дозволете си да уживате со партнерот.

Запишете колку заработувате, колку трошите и колку сте заштедиле! Денес направете добра анализа на вашиот буџет, бидејќи ќе треба да донесете важни финансиски одлуки

Близнаци 21.05 – 20.06

Денес повторно ќе се соочите со проблемот што го избегнувате, а сега морате да му најдете решение. На работното место немојте да почнувате конфликти и денес воздржете се од зборување, дури и ако бидете нападнати.

Зачинете ги вашите љубовни состаноци со партнерот со скапо вино, облечете си софистицирана комбинација, почестете се со омилениот специјалитет… Денес луксузните нешта ќе ви го „фаќаат“ погледот. Ако некој ве разгалуваше со подароци во изминатиот период, не мислете дека е само обичен гест на внимание. Голема е веројатноста да е нешто повеќе од тоа.

Рак 21.06 – 22.07

Не се принудувајте себеси да бидете забавни и комични кога воопшто не се расположени за тоа. Нурнете длабоко во себе и поработете на вашиот внатрешен мир. Нема потреба да се прикажувате во розово светло сосила.

Ако сте во врска, поработете на интимноста со партнерот и ќе го продлабочите вашиот однос.

Лав 23.07 – 22.08

Денес ќе чуете гласини кои ќе ви биде тешко да ги прифатите. На работното место ќе сакате да ги довршите запоставените обврски, а сите ќе бидат фасцинирани од вашата продуктивност. Ако сте во врска, партнерот ќе има преголеми барања од вас. Но, не го сфаќајте буквално – ќе зборува без воопшто да размисли.

Девица 23.08 – 22.09

Денес ќе решите сериозен проблем, но само ако го послушате советот на некоја поискусна личност. Бидете трпеливи секојпат кога започнувате нешто ново. Ќе ви биде потребно време за да се адаптирате.

На работното место немојте да се форсирате премногу и избегнувајте ги ризичните разговори со колегите. Во љубовта ви се чини дека ништо не ви оди по план, но само затоа што барате совршенство.

Вага 23.09 – 22.10

Вашата оригиналност е извор на убавина, а денес таа ќе донесе во вашиот живот специјална личност која ќе ви се одушевува. На пат е да се роди прекрасен сојуз кој ќе трае долги години. „Полевајте“ го со внимание.

Ова не е ден кога треба да си криете вашите идеи, бидејќи тие имаат потенцијал да ве одведат поблиску до врвот. На поле љубов не се потпирајте само на емоциите и ќе избегнете голем проблем.

Шкорпија 23.10 – 21.11

Денес ќе слушнете добри вести во врска со финансиите, а ова значително ќе ви го подобри расположението. На работното место среќата е на ваша страна и храброста дефинитивно ќе се исплати. На поле љубов нештата се одлични – нема недоразбирања во врската и задоволни сте од партнерот.

Стрелец 22.11 – 21.12

Не им дозволувајте на другите да ви се мешаат во приватниот живот и ќе избегнете многу проблеми. На работното место ќе имате многу обврски и денот ќе биде долг, но ќе имате доволно енергија да се справите со сè. На поле љубов чувствувате многу љубомора и страв дека партнерот ќе ве напушти. Размислете дали овие чувства се оправдани.

Јарец 22.12 – 19.01

Новитетите ќе ве прават несигурни денес, па можеби е подобро да останете во вашата комфорна зона. Научете да ја сакате вашата работа и да му се радувате на секое нешто од животот. Не копнејте по она што не е ваше или што не ви е познато.

Многу партнери ќе имаат еден од оние момент кога нема да можат да се одвојат еден од друг.

Водолија 20.01 – 18.02

Да, пропуштате многу моменти од животот на пријателите, но во моментов не треба да жалите поради тоа. Ќе има времиња кога ќе можете да надоместите за пропуштеното и лично да им ја покажете вашата љубов.

Заборавете на тишината вечерва. Ќе имате потреба од врева и смеа за да почувствувате дека сте живи.

Риби 19.02 – 20.03

Денешните познанства ќе ви отворат многу врати, а имаат потенцијал да се претворат во долги пријателства. На професионално поле сакате да ги усовршите вашите вештини, па денес фокусирајте се на тоа. На поле љубов нештата се добри – и вие и партнерот сте задоволни од вашата врска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи