Нема „Џонсон и Џонсон“ вакцини за Македонија до крајот на 2021

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

После информацијата дека вчера Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, од порталот САКАМДАКАЖАМ.МК дознаваат дека до крајот на годинава во Македонија нема да може да се испорача оваа вакцина, развиена од нивната фармацевтска компанија „Јансен“.

„Производителот нè информираше дека нема да бидат во можност во текот на 2021 година да испорачаат вакцини за нашата земја. Производителот исто така ни посочи дека би поддржале трипартитни договори на нашата земја со други големи држави кои го финансираат производството на нивната вакцина, велат од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, како одговор на прашањето дали почнале преговори со оваа компанија.

Вакцината на „Јансен“ е првата за која треба само една доза. Европската агенција за лекови објави дека постојат цврсти докази за ефективноста, безбедноста и квалитетот на вакцината.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи