22 лица го прекршиле полицискиот час – 525 казнети за неносење заштитна маска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

22 лица биле затекнати на отворен простор после 22 часот, со што го прекршиле полицискиот час. Казнети се и 525 лица кои во изминатото деноноќе биле затекнати без маски на лицето.

Во изминатите седум часа во временскиот период од 22  до 05 часот полицијата затекнала 22 лица кои не ја почитувале забраната за движење, а 11 од нив се регистрирани на територија на СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на земјата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата заради спречување на ширењето на ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи