Времето денес сончево со умерена облачност, од понеделник заладување и значително намалување на температурата од 7 °до 9°

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Времето денес ќе биде сончево со умерена, а на места и со значителна облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови во повисоките подрачја повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се дбижи во интервал од 12 до 18 степени.

Во Прилеп температура ќе се движи од 2° до 16°.

Под влијание на влажен бран утре во текот на ноќта и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Во понеделник и во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи