ВИДЕО – Тодороски: И покрај сите документи за легална сопственост државата незаконски ми го одзема имотот

 

И покрај сите потребни документи за легална сопственост на нива со големина од околу 3,5 декар, која уште од 1934 година се води како приватен посед, државата сега му го одзема овој имот на прилепчанецот Игор Тодороски. За два дена мора да ја урне оградата на имотот и тој да стане државен. Неговиот татко ја купил парцелата од Јанакиеска Андонова Весела во 1988 година. Тие имале одреден т.н. надворешен договор, но сопствеништвото официјално од Јанакиеска никогаш не се префрлило на Тодороски и во катастар парцелата се до 2017 година се води на Јанакиеска, кога тоа се бриши и нивата станува државен имот. Се водат судски спорови пред основен суд во Прилеп и Апелација во Битола каде Тодороски го губи имотот. Тодороски е крајно револтиран и од судот и од државниот правобранител.

 

 

„Тие носат само еден историјат со избришани газди и без печат документи. Не знаеме од каде се извадени документите. И со таков документ тие добиваат, ние се имаме, а никој не ги прегледува документите наши. Во 2017 некој му помогнал од катастар, убаво му помогнал, се избришал и не постојат никакви газди. А не се бриши приватна сопственост, можи да се избриши корисничко право, а ова не било корисничко ова било приватна сопственост“, изјави Игор Тодороски, сопственик на парцелата.

Запрепастен од ваквата одлука на државата е и синот на Јанакиеска Весела, Марјан Јанакиески, стариот сопственик на нивата, кој му ја продал нивата на Тодороски и кој се уште официјално треба да биде сопственик на парцелата запишан во катастар. Се прашува како може државата приватен имот да го запише како пат кој никогаш не постоел таму.

„Како околу мене сето е ниви, зошто другите ниви не ги направија пат? Ако му е потребно на државата треба да ми каже, еве ова пример се одзема, за тоа ти даваме друго место или пари. Некој прави фалсиификат, просто не можам ниту да го објаснам ова, дури се чудам како може да биде на Република Македонија, кога е сопственост моја“, истакна Марјан Јанакиески, стариот сопственик на парцелата.

Од државниот правобранител во Прилеп велат дека постапувале по судска пресуда без поголеми објаснувања. Тодороски бара итно помош од сите надлежни институции да се преиспита оваа одлука со која според него државата незаконски му го одзема имотот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи