ВИДЕО: 40 години Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи објави видео во чест на припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, од нејзиното основање па до денес.

Единицата за специјални задачи под името „Тигар“ е основата на 13 март 1981 во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па сè до денес се надградува на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во топ 10 Специјални полициски единици, а рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи