ВИДЕО: Прилепчанецот Арсениј Ангелески прво место на меѓународен музички натпревар во Словенија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Со 92,25 поени прилепчанецот Арсениј Ангелески го освои првото место на вториот меѓународен музички натпревар кој се одржа во Идрија, Словенија, насловен како „Musical lace“, а во организација на „Glasbena čipka iz Idrije“. Ангелески се натпреваруваше во седма категорија пијано (категориите се според возраста), свирејќи дела од Бетовен, Бах и Шопен.

Натпреварот на кој учествуваа 200 кандидати од 29 земји се одржа онлајн, поради неможноста од настапи во живо. Инаку главните атрибути кои го одбележуваат овој настан се високите критериуми за учество и стручното жири. Комисијата за оценки ја сочинуваа еминентни имиња како Билјана Урбан од Холандија, Саша Гержељ Доналдсон од Велика Британија, Катарина Крпан од Хрватска и Драгомир Братиќ од Србија.

Арсениј Ангелески основно музичко образование заврши во музичкото училиште во Прилеп во класата на проф. Христина Никоска Тасеска. Денес тој е ученик во Средното државно музичко училиште во Битола во класата на проф. Татјана Божиновска.

Инаку на овој натпревар во Идрија, во седмата категорија пијано, освен Ангелески првото место го освои и Андреа Николовска од Битола, исто така ученик во класата на проф. Татјана Божиновска.

 

Уживајте во дел од настапот на Ангелески:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи