Времето денес ќе биде облачно со дожд, ветер, а на повисоките места со снег

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Утрово најстудено со -2 степена беше на Попова Шапка, -1 Лазарополе, 1 Маврово, 2 Битола, Крушево, 4 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Пожаране, 5 Берово, Дебар, Тополчани, Пожар, 6 Кр.Паланка, Прилеп,  7 Струмица, 8 Тетово, 10 Штип, Гевгелија, Дојран, 11 Д.Капија.

Во текот на ноќта беше променливо облачно, а изутринава е облачно со врнежи од дожд во западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 40км/ч.

Облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места проследени со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта  појава на снег ќе има и на некои пониски места. Од пладне ќе дува засилен северен ветер (локално над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени во споредба со вчерашните. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи