Запленетиот путер ќе се уништи денес во депонијата „Дрисла“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Агенцијата за храна и ветеринарство (AХВ) ги покани медиумите на уништувањето на запленетиот путер со поминат рок денеска во депонијата „Дрисла“ во 13 часот.

„Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, понеделник, 15.03.2021 година, во 13,00 часот на депонијата Дрисла, ќе присуствува на уништувањето на запленетиот небезбеден путер. Изјава за медиумите во 13,00 часот“, стои во поканата од АХВ.

Путерот со поминат рок беше запленет во саботата, а ова запленување го истакна вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи