Институт за имунобиологија: Секој трет граѓанин кај нас има антитела на корона

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Испитувањето на Институтот за имунобиологија покажало дека секој трет граѓанин има антитела на ковид-19, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Испитувањето било спроведено со 1.000 случајни минувачи од различна возраст на неколку локации низ Скопје во Карпош, Аеродром, ТЦ Мавровка, Градскиот Парк, улица Македонија и Плоштад Македонија.

„Обработката на податоците покажа дека 31% од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19. Во анализата беа земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека прележале“, вели директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски, пренесува СДК.МК.

Институтот правел испитувања и врз медицинските лица кои ја примија вакцината на „Фајзер“ за резултатите кои ги дава вакцинацијата. Петличковски вели дека податоците кои ги добиле се одлични и вакцинираните лица имаат голема доза антитела.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи