Ковид пасошот на ЕУ нема да ги признава руската и кинеската вакцина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Предлогот за воведување таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на Европската Унија, кој ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА): „Фајзер/Бајонтек“, „Астра зенека“, „Модерна“ и „Џонсон & Џонсон“. Наведената причина е тоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на Европската Унија.

„Еуроњуз“ се повикува на извор кој тврди дека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс јасно ставил до знаење дека земјите-членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со вакцини од други производители, но дека нема да добијат лиценциран патен сертификат за вакцинација доколку вакцината не е од одобрен производител, а во моментов има четири одобрени производители.

Времетраењето на дигиталниот зелен сертификат треба да биде ограничено до крајот на пандемијата, пишува „Еуроњуз“, а тестовите и карантинот и понатаму ќе бидат дел од задолжителните мерки. Така, вакцинацијата не станува предуслов за слободно движење. Зелениот сертификат ќе биде достапен во дигитален и хартиен формат.

Рејндерс посочи дека заштитата на податоците и можната дискриминација остануваат клучна грижа за Европската комисија, која работи на предлог за патнички сертификат.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе биде технички возможно да се развие ковид-пасош во рок од околу три месеци со користење податоци што укажуваат на тоа дали некое лице е вакцинирано, тестирано негативно или е имуно по заразување со оваа болест, но дека многу политички прашањата прво мора да се решат.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи