Конкурс за основци за творби инспирирани од делата на Блаже Конески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во земјава, а натпреварот е во неколку категории за различни возрасти.

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и согласно Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и заклучокот на Владата, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Конески, кој е отворен до 1 април 2021.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во земјава, а натпреварот е во неколку категории за различни возрасти.

Учениците од прво до трето одделение може да учествуваат во три категории:

за најдобра ликовна творба „Блаже Конески низ цртеж”;

за најдобра ликовна творба „Буквите низ цртеж”

и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Учениците од четврто до деветто одделение може да учествуваат со свои творби на темите: „Конески бдее над татковината – јазикот” или „Поезијата на Блаже Конески – наша ненасушна инспирација” во три категории: за најдобра поетска творба; за најдобар расказ и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски труд во една категорија или во повеќето наведени категории, соодветно на одделението во кое учи.

Творбите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на ученикот, инспирирани од богатата ризница на поетски творби на Блаже Конески, наведува МОН во Конкурсот во кој се содржани информации за начинот и адресата за праќање на творбите.

За изборот на најдобрите творби во секоја од наведените категории, Министерството за образование и наука ќе формира посебни комисии составени од пет члена.

Ќе бидат доделени вкупно 27 награди, само за освоено прво место, во секоја категорија, за секое одделение од основното образование. Секоја награда се состои од книги.

Министерството за образование и наука ќе ги објави имињата на наградените ученици на својата веб-страница www.mon.gov.mk, најдоцна до 20 април 2021.

Наградите ќе бидат доделени на настан по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, а за присуство на приемот на наградата, како што е наведено во Конкурсот, МОН ќе ги надомести средствата за превоз на наградените учесниции за придружба на еден возрасен (наставник или родител/старател), во износ на билет за автобуски превоз.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи