Конкурс за 59. Денови на македонска фотографија – најстар фотографски настан во нашата држава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Фотосојузот на Македонија, кој годинава одебележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Денови на македонска фотографија.

„По една тешка и непредвидлива година во која успеавме да ја продолжиме традицијата на „Денови на македонска фотографија“ , еве не пред нов предизвик. Овогодишното 59то издание е пред нас и по 6 години повторно домаќин ќе ни бидат членовите на ФК Охрид. Со ситни корекции во пропозициите предизвикот за вас останува ист . Три категории, младинска конкуренција и награда Благој Дрнков. Проекции , дружење , изложба и награди за најдобрите. Ги очекуваме вашите фотографии“ – ИО на ДМФ.

На Конкурсот може да учествуваат професионални и фотографи аматери, а како и во изминатите години фокусот е на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

1. Тема:
a) „Слободна“ за поединечни фотографии;
б) „Слободна“ за колекција;
в) „ Документарна“ фотографија.

Рокот за прием на фотографии е 15 април 2021 и за нив ќе одлучува жири во состав: Цветан Гавровски – мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија, Душан Доцевски – кандидат мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија и Мирослав Масин, академски ликовен уметник.

Завршната манифестација се планира да се одржи во Охрид од 29 мај до 1 јуни, согласно со здравствените протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители.

Повеќе информации за Конурсот може да се добијат на официјалната страница на Фото сојуз на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи