Корејски бенд ја испеа евровизиската „Молитва“ на Марија Шерифовиќ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Сигурно се сеќавате на песната „Молитва“ со која српската пејачка Марија Шерифовиќ победи на Евровизија во 2007 година.

Оваа песна стаса далеку и до Јужна Кореја, каде секој петок се одржува познатото музичко шоу Фантомски Пејач (Phantom Singer). Токму „Молитва“ беше изборот за последниот настап на популарниот корејски бенд Edel Reinklang.

Слушнете како звучи песната во изведба на корејскиот бенд.

Изведбата на песната и се допадна и на Марија Шерифовиќ, оригиналниот изведувач на песната која ги пофали колегите корејци на нејзиниот Инстаграм профил.

„Драги колеги, ви честитам од длабочината на срцето. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ која некогаш сум ја слушнала. Ви посакувам сè најдобро во понатамошната кариера и во натпреварувањето. Се гледаме наскоро“, напиша Шерифовиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи