На 14 обвинети во „Титаник“ им застаре по едно дело

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Четиринаесет обвинети во предметот за изборни измами „Титаник“, кои СЈО ги смести во групата припадници на злосторничко здружување, нема да одговараат за ова кривично дело бидејќи застаре лани, пишува „Призма“.

Тоа значи дека поранешниот пратеник Илија Димовски, ексзаменичката на министерот за правда Билјана Бришковска-Бошковски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ и други ќе останат на обвинителна клупа, но им се „минусира“ по едно кривично дело за кои првично беа обвинети.

Предвидената казна за ова дело е до три години затвор, што значи дека апсолутната застареност настапува по двојно повеќе време, односно по шест години. Бидејќи обвинетите ги сториле последните дејствија во 2014, рокот на застареност од шест години истекол лани.

Повеќе околу ова прочитајте на Призма.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи