Од полноќ ново поскапување на горивата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Трендот на поскапување на малопродажните цени на горивата продолжува и во следната недела, откако РКЕ ја донесе својата најнова одлука.

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеста Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар и ќе изнесува 57,00 ден/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, 69,50 ден, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 46,50 ден/литар.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи