Откриена чудна планета – една година трае помалку од 5 земјини денови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Астрономите откриле многу чудна егзопланета која би можела да нѝ помогне за подобро да го разбереме универзумот.

Имено, научниците од Харвард и Смитсонијан воочиле големо гасно небесно тело на оддалеченост од околу 575 светлосни години од Земјата, и го нарекле WASP-62b.

Оваа егзопланета се наоѓа во орбитата каде што една година трае 4.5 земјини денови, а чудно е што нема ниеден облак. Како што истакнуваат научниците, овој феномен се наоѓа кај отприлика 7% од егзопланетите.

Со помош на вселенскиот телескоп Хабл, астрономите можеа да препознаат траги на натриум, што не би било можно ако има облаци. Затоа, се претпоставува дека нив воопшто ги нема на WASP-62b.

Тимот што ја анализираше планетата се надева дека лансирањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб ќе обезбеди дополнителни методи за проучување, односно дека, со малку среќа, ќе можат да најдат траги од силициум, што потоа би посочило како овие планети се формираат и зошто се разликуваат од оние со облаци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи