Јованоски: 2020 беше година на реализација на капитални проекти од витално значење за Општина Прилеп

 

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 54-тата седница, која заради пандемијата со коронавирусот се одвиваше преку видео-конференциска врска. Советниците дискутираа и расправаа за 40 точки од дневниот ред, кој на почетокот  на седницата беше едногласно усвоен.

Не денешната седница, советниците дадоа „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот  квартал од тековната 2020 година, како и за Годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година. Дополнително, советниците го прифатија и годишниот извештај на Општина Прилеп за 2020 година.

„Сакам да потенцирам дека извршувањето на 1 милијарда и 135 милиони денари приходи во консолидираниот биланс на приходи на општинскиот буџет за 2020 година, преставува 73,82% од проектираните 1 милијарда и 537 милиони денари и со тоа можеме да бидеме задоволни. Сакам да нагласам дека со реализација на 339 милиони денари приходи на основниот буџет, несметајќи го пренесениот вишок на приходи од 2019 година во износ од 134 милиони денари, можеме да бидеме релативно задоволни. Извршувањето на расходите на Консолидираниот биланс на Буџетот за 2020 година беше во износ од 1 милијарда и 198 милиони денари. Сакам да потенцирам дека 2020 година, беше година на реализација на крупни капитални проекти од витално значење за општината. Тука пред се мислам на изградбата на мостот на улицата „Трајко Николоски“, реконструкцијата на делот од булеварот „Гоце Делчев“ и делот од улицата „Прилепски бранители, изградбата, реконструкција и рехабилитација на голем број на улици и локални патишта во градот и населените места, реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“, бројни инвестиции во училиштата и градинките“, истакна градоначалникот Јованоски на денешната седница на Совет.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи