ВИДЕО – Смилеска: И Очно ќе стане Ковид центар, се работи и на модуларната болница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во тек е реорганизација на болницата, односно постоечките ковид центри кои што во моментот се активни, а тоа се инфективното одделение, интерното, уво, нос и грло и гинекологија. Во тек е постапката да го отвориме и очното одделение како ковид центар. Истакна на денешната прес конференција Кети Смилеска, директор на болница Прилеп.

 

 

„Овие денови го спремаме и модуларното одделение, односно модуларната болница. Доводот на електрична енергија ќе се спроведи во четврток во претпладневните часови, доводот на кислород планираме викендов да го реализираме и се надевам во понеделник ќе биде комплетно опремена за да може да ги прими новите пациенти кои би барале прием во болницата.

Во модуларната болница има 35 легла, а во моментот имаме 28 слободни легла во тековните одделенија.

Расположливиот кадар е ставен максимално на располагање и со своите целокупни максимални сили се вложува да им удоволи на пациентите, меѓутоа еве повторно и од моја страна апел до граѓаните да се придржуваат до мерките за да можеме да го штедиме персоналот за да можат да им излезат и нив во пресрет, бидејќи работат на работ на своите сили“, рече Смилеска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи