Дигитализација во земјоделството – СЕГА!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Утре, на 17-ти март, 2021 година, Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што ќе служи како локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, ја организира првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво во новите простории на центарот за е-поддршка во Кичево.

На презентацијата и промоцијата на работењето на центарот предвидено е присуство на претставници од локалната самоуправа во Кичево, како и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Управата за јавни приходи, како и останатите локални институции кои што делуваат на територијата на општина Кичево.

На средбата свое обраќање ќе имаат претставници од општина Кичево и подрачната единица на Министерството за земјоделство за степенот на користење на дигиталните услуги на локално ниво, а од страна на проектниот тим, во рамките на проектот Дигитализација во земјоделството – СЕГА! ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето кое што беше реализирано во периодот јануари-февруари 2021 година во 5 плански региони во повеќе општини: Кичево, Врапчиште, Гостивар, Старо Нагоричане, Куманово, Струмица, Прилеп и Кривогаштани.

Имено, Рурална Коалициjа е една од трите организации од Северна Македониjа коjа што стана дел од мрежата ИЦЕДА и коjа што во наредниот период ќе работи на управување со граѓанскиот центар за поддршка на е-владеење преку коj што ќе им помогне на земjоделците и локалното население воопшто во користењето на е-услугите, но и зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македониjа во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албаниjа, Косово, Црна Гора и Србиjа. За мрежата и активностите на истата може повеќе да прочитате на следниот ЛИНК.

Центарот за е-поддршка е сместен на улица 4-ти јули, бб, влез 1, Кичево (комплекс Ламели наспроти Адамс едукација) и истиот ќе биде отворен секој работен ден, а се со цел да ги доближи електронските услуги и Дигиталната агенда до локалното население. Локалната прес конференција ќе се одржи на 17-ти март 2021 година (среда) со почеток во 11:00 часот. За секоjа дополнителна информациjа може да се обратите на телефон: 078/303-819, Елизабета Ристеска-Мрческа.

Една од главните цели на проектот е зголемување на соработката со институциите на локално ниво, како и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација и користењето на е-услугите со што пак директно ќе придонесеме кон реализација на Дигиталната агенда на државата. За сите подетални активности и информации за проектот посетете ја нашата веб страница: www.rural.mk, како и на нашиот FB профил: https://www.facebook.com/RuralCoaliton  каде што ќе бидат објавувани сите новости поврзани со Дигиталната агенда и е-услугите, а за истите може да се информирате и во просториите на е-центарот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи