Полјак паѓа 192 пати на теоретски тестови за возач

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во земјите ширум Европа и светот, во коишто се почитува сериозноста на издавањето возачка дозвола, повеќе пати се „паѓа“ на теоретскиот испит, отколку на практичното возење. При практичното возење се случува да се направат неколку мали грешки што комисијата ги регистрира одговорно и будно и го „враќа“ кандидатот. Но, и теоретскиот тест може да биде проблем.

Маж од Полска се обидува 192 пати да го положи теотерскиот тест и 192 пати нема успех. Човекот на возраст од 50 години се обидува да добие возачка дозвола веќе 17 години. За тестовите во сите години досега, Полјакот потрошил 6.000 злоти, што одговара на околу 1.300 евра.

Еден пример од Велика Британија го охрабрува Полјакот. Таму еден кандидат „паѓал“ 157 пати на теоретскиот испит – и положил 158-от пат.

Случајот предизвика реакции во јавноста и меѓу другото се бара ограничување на бројот на обиди за полагање на теоретскиот тест.

„Луѓето што не ги познаваат правилата, не смеат да возат автомобил“, изјавува инструктор за возење.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи