Прилепските музичари се закануваат со блокада на Плетвар доколку не добијат протоколи за работа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денеска музичарите од Прилеп самоиницијативно остварија работен состанок на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Ковид пандемијата.

„Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да  музицираме.

Како што се изготвија мерки за дискотеки, казина, кафиќи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!! Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“.

Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој  со својот  потпис ја поддржа оваа одлука!!!“, се вели во соопштението на прилепските музичари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи