Што нѝ остана?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ни ги земаа
шармот, харизмата и самоувереноста.
Оставивме добар прв впечаток
и инстантна блискост со далечниот.

Наведете ги луѓето да Ве сакаат!
Почнете со пофалба
хранете им го егото.
Оти тоа е патот
да извлечеш нешто од некого
И се вика моќ на ласкањето.

Останавме пасивни ко канцелариски мебел
нашата точка на аудицијата
трае само десет секунди.
Пораката што ја оставаш, верувај ми
е како кајак по дива вода.

Затоа, спреми си го елекот за спасување
од диви погледи и клети зборови
и наместо по лут брзак да се спуштиш
најсигурно, појди си на куглање!

 

Оваа поезија е дело на Елена Николоска, математичар кој љуби да поетува.

„Ги обожавам зајдисонцето и пријателите, го љубам постоењето и Дениција. Уживам во стара, но добра поезија. Го милувам зајдисонцето и сум заљубена во шегата. Добро стојам со зборовите, ама пред да заспијам оти изгледа ми стојат под перница. А, да! Ги делам моите совети оти не ги користам. Трета година учам во гимназијата “Мирче Ацев”, во шестката, математичко А.

Некој чуден дух има во мене и не знам како излегува на крај со мене. CEO of disaster.
Еден куп интересни факти можам да набројувам, мноогу работи љубам јас, ама наредниот пат повеќе“, вели Елена за Инфо Компас.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи